ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Д-р Најдановска Алулоска: 11 годишниот Илче од Охрид е во стабилна состојба, грижата за детето е во насока да се подобри неговиот нутритивен статус

Охрид, 27. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Стабилна е состојбата на 11 годишиот Илче од Охрид, кој боледува од Стајнерова мускулна дистрофија и кој за само еден месец го напуштија и двајцата родители.

Овој случај го привлече вниманието на јавноста и властите, откако беше објавено од страна на човекот што го чуваше, дека не знае каква терапија прима, дека нема никаква терапија за малолетникот и дека со денови детето пие само една чаша млеко дневно.

Детето веќе пет дена е хоспитализирано на Универзитетска клиника за детски болести во Скопје, неговата состојба е стабилна, а тестот за COVID-19 кој бил направен согласно протоколите е негативен. Грижата за детето првенствено е во насока да се подобри неговиот нутритивен статус, односно состојбата на неисхранетост, да се рехидрира и стабилизира во исхраната, потенцира во изјава за Супер радио и OhridPress директорка на Клиниката за детски болести д-р Наташа Најдановска Алулоска.

Нема достапен опис

– Детето е хоспитализирано на нашата клиника веќе пет дена, примено во хипотрофија и во малнутриција, без покачена температура и без знаци за акутна инфекција. Но, иако беше примено без фебрилности, без знаци за респираторна инфекција, по протокол, беше тестирано за COVID-19, брисот дојде негативен, детето нема влошување, нема респираторни симптоми и сега е хоспитализирано на одделот за неврологија, каде прима раствори за парентерална хидрација и прима раствори за ентерална исхрана, што значи нутритивна поддршка со хиперкалориски раствори преку назогастрична сонда. Освен ова, се храни и со хиперкалориска исхрана која се подготвува во нашата општа и млечна кујна, по налог на нашиот нутриционист. Грижата за детето е првенствено во насока да се подобри неговиот нутритивен статус, односно состојбата на неисхранетост, да се рехидрира и стабилизира во исхраната. Во почетокот оваа исхрана се спроведува по ентерален пат, преку назогастрична сонда и сега постепено ќе се прави адаптација на перорален внес на сите прехрамбени продукти кои му се потребни. Состојабата сега му е стабилна, без температура, нема повраќање, со нормална столица, состојбата на свеста е таква каква што задоволува за неговата кондиција. Детето е комплетно стабилно, потенцира Најдановска Алулоска.

На Клиниката добиле допис од социјалните служби во Центарот за социјална работа во Охрид дека се прават обиди пациентот биде сместен во малите групни домови, значи по болничкиот третман за Илче ќе се погрижат социјалните служби. Најдановска Алулоска не можеше да каже дали некој од охридскиот Центар за социјална работа го посетил Илче.

– Не би можела да кажам дали детето го има посетено некој од Центарот за социјална работа од Охрид. Ние имаме социјален работник кој работи ви нашата институција, таа ги прави контактите со другите социјални служби и Центарот во Охрид. Ние добивме електронска комуникација за тоа какви се плановите за негово натамошно згрижување и тоа си го презема социјалната служба на Центарот од Охрид, вели Најдановска Алулоска.

Нема достапен опис

Нема достапен опис
Со оглед на интерсот во јавноста кој го побуди овој случај, на Клиниката пристигнале донации од поединци и компании во облека, за некој дел од прехрамбените продукти, како и раствори за интерална употреба кои ќе помогнат во подобрување на неговиот нутритивен статус и исхраната. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука