Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Три златни медали за атлетичарката Марија Јованоска, АК „Охрид“ на четврто место на Купот за младинци

Охрид/Скопје, 28. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нов успех за охридската атлетичарка и репрезентативка, член на АК „Охрид“, Марија Јованоска, на стартот на новата натпреварувачка сезона.

На Купот за младинци што се одржа во Скопје, Јованоска уште еднаш беше неприкосновена во спринтерските дисциплини, освојувајќи три златни медали. Таа беше најбрза и со „најлесни нозе“ на трките на 100, 200 и 400 метри во младинските категории, со време 13.02, 26.78 и 1:03.17 соодветно.


Со нејзините резултати го рангира АК „Охрид“ на трето место во женска конкуренција, а севкупно на четвртата позиција на ниво на Македонија.

Од АК „Охрид“ се натпреваруваа уште Блаже Љушев и Климентина Модева. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FB

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука