Избор Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Денес во Струга ќе се одржи Илинденската едриличарска регата

Струга, 29. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Едриличарската федерација и клубот „Снегар“, денес во Струга ќе се одржи Илинденската едриличарска регата во класите „Оптимист“ и „Ласер“.

Регатата ќе се одржи на регатното поле пред едриличарскиот клуб „Снегар“ во Струга според (World sailing) регатните правила 2017-2020.

Ќе се применуваат и правилата на класата Оптимист, а за другите учесници: L4.7, LRD, LST и Минитонец, правилата на соодветната класа, овој распис и упатствата за едрење. Регатата ќе се одржи за класата „Опитмист“ и е отворена и за другите олимписки класи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука