Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГФК Охрид Лихнидос поразен од Македонија Ѓорче Петров

Охрид, 29. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Уште еден пораз за фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос во рамки на подготвителниот период.

Во Маврово, беа надиграни од екипата на Македонија Ѓорче Петров со 2-1. Стрелец на голот за охриѓани беше Ромео Кочоски.

За охридските сино-бели ова беше трет пораз на контролните средби, претходно беа совладани од Пелистер и Работнички.

Следната тест средба ќе ја играат на домашен терен, оваа сабота против екипата на Струга Трим Лум. Пред стартот на новата натпреварувачка сезона, закажан за 22-ри август, Охрид Лихнидос ќе одигра натпревари со Питу Гули и Тиквеш. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука