COVID-19 Здравје Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Струга меѓу градовите со највисок морталитет од COVID-19

Струга, 29. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Струга, Тетово и во Куманово се градовите со највисок морталитет од COVID-19, додека Штип, Свети Никола и Ресен имаат највисока стапка на заразени, покажаа податоците на Институтот за јавно здравје, направени заклучно со 26-ти овој месец.

Според место на постојано живеење/повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово и Куманово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Тетово, Куманово и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи, највисок леталитет се регистрира во Струга.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 1.444,8 заболени, Свети Николе со 1.057,9 на 100.000 жители, Ресен (874,5/100.000), Скопје (754,5/100.000), Куманово (694,5/100.000), Дебар (691,8/100.000), Струга (613,1/100.000), додека инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Тетово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Велес, Пробиштип и Демир Хисар. (Крај)

извор: лидер.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука