Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Петок, 31-ви јули, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен за граѓаните од муслиманската вероисповед

Скопје, 29. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 31-ви јули, петок, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам. (Крај)

извор: Министерство за труд и социјална политика фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука