Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Платформа за промоција на традиционалните занаети и култура од меѓуграничните региони на Македонија и Албанија

Охрид, 29. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Бизнисот не мора секогаш да биде мотивиран од профит, тој може да остварува добивка, но истовремено да помага на локалното население, а и да промовира заштита на културното наследство и животната средина. Со таква идеја Јасминка Поповска од Струга и Катерина Василевска од Охрид ја креираа платформата „Genuine Experiences“, осмислена како поддршка на домашните и странските туристи во запознавањето една пониква регионална туристичка понуда.

На нивната платформа може да се најде понудата на повеќе од 50 локални занаетчии, домаќинки, спортисти, водичи, професионалци од Охрид, Струга, Битола, Демир Хисар, Дебар, Ресен, Скопје, но и Пешкопеја, Мат, Булкизе, Дибра во Албанија. На тој начин, велат тие, им се дава можност на туристите да ги запознаат традиционалните занаети од Меѓуграничните региони на Македонија и Албанија, да го доживеат регионот на сосема поинаков начин од вообичаената туристичка понуда.

Македонците „се дават“ во компири, грав, пилешко и свинско, а морска храна речиси воопшто не јадат | Сител Телевизија

– На тој начин го зачувуваме културното наследство и го промовираме регионот како дестинација вредна за посета. Имаме природни ресурси на мала површина на која може да ни позавидат далеку поголеми држави од Европа и светот. Ние сме привилегирани да живееме толку малку луѓе во една ваква богата земја. Сакаме со тоа да го освестиме локалното население и да им го понудиме на туристите во форма на несекојдневни доживувања и искуства. Гостите не се само пасивни гледачи, туку директно со своите раце учествуваат во процесот на искуството, тоа значи на крај од посетата ќе го имаат првото рачно исплетено ташниче, филигрански привезок, домашен зелник, исплетена кошница, вели Катерина Василевска, проектен асистент.

Креаторките на платформата сметаат дека туризмот има потенцијал за значајни приходи во локалната економија, но истиот треба да се развива одржливо, градовите првенствено да бидат „живи“ за луѓето во кои живеат, а потоа да се изнајдат форми на туризам кои нема да го загрозуваат секојдневниот живот и нема да ја уништуваат природата.

Платформата www.genuinexperiences.com e дел од проектот „Надвор од границите – воведување паметен туризам и споделена економија“ реализиран со финансиска поддршка на ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Албанија. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука