Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Езерската полиција доби донација од два мали бродови за чување на езерската граница

Охрид, 29. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – На церемонија која се одржа на 24-ти јули беше предадена донацијата на два мали бродови за чување на езерската граница на Република Македонија, обезбедени преку Канцеларијата за контрола на извозот на амбасадата на САД и поврзаната гранична помош за безбедност (EXBS).

– Тековната операција на Охридското Езеро, која започна во јуни, е насочена кон спречување на прекуграничната трговија со наркотици и шверц со мигранти и недозволена стока. Зголемената способност за таргетирање недозволена стока им помага на партнерите EXBS да ги детектираат и спречат трансферите на оружје за масовно уништување, истовремено негирајќи и на малигните актери пристап до финансиска корист од недозволена трговија, информираат од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Image may contain: outdoor and water

Image may contain: one or more people, sky, outdoor, water and nature

Додаваат дека донираната опрема и обуката која ја извршиле експерти од Американската крајбрежна стража биле користени при неодамнешното пронаоѓање и одземање на над 100 килограми марихуана. (Крај)

извор: Амбасада на САД во РМ фото: Амбасада на САД во РМ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука