Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Деновиве прва клапа на филмот „Преекспонирано“ во Охрид и Скопје

Скопје/Охрид, 29. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Проблематична тинејџерка ги истражува темите на осаменост, отуѓеност и лицемерие, нарушувајќи ја рамнотежата на една брачна двојка откако ќе дојде кај нив на гости.

Ова е сижето за новиот македонски игран филм кој ќе почне да се снима кон крајот на оваа недела, на локации во Скопје и во Охрид.

Станува збор за психолошка драма која е долгометражно деби на режисерката Елеонора Венинова, која го напиша и сценариото, јави порталот ПлусИнфо.

Филмската екипа ја сочинуваат актерите Сара Климоска, Благоја Веселинов, Камка Тоциновски, кинематографер е Лев Предан Коварски од Република Словенија, сценограф е Срѓан Митровиќ- Џиџи, Костимограф е Жаклина Крствка а маска Горан Игњатовски.

„Преекспонирано“ е копродукциски проект кој, освен од Агенцијата за филм, доби поддршка и од Филмскиот центар на Србија и СЕЕ Синема Нетворк, а поддршката од „Еуроимаж“ е во делот на развој на копродукции. Изминатиов период филмот учествуваше на повеќе работилници за развој, меѓу кои се и програмата „Директорс фортнајт“ во Кан, Сараево филм фестивал, „Синемед“ во Монпелје и многу други. (Крај)

извор: ПлусИнфо фото: ПлусИнфо

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука