COVID-19 ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Моментално во Охрид има 99 активни пациенти со коронавирус, на Инфективното одделение се хоспитализирани осум лица

Охрид, 29. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – На Инфективното одделение во охридската Општа болница моментално се хоспитализирани 8 пациенти позитивни на коронавирусот, додека пак на Одделението за геријатрија има еден пациент, суспектен на вирусот.

Максимална бројка на пациенти што може да ја прими Инфектирвното одделение е 18, што значи дека има капацитет за прием на евентуални нови случаи.

Според последните статистики бројката на активни пациенти во Охрид е 99, оздравени се 159 лица, а бројката на починати е 7. Од почетокот на епидемијата во градов се евидентирани 265 лица заболени од ЦОВИД-19.

Во последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, Охрид е меѓу градовите со инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители, додека пак соседна Струга е со највисок морталитет од ЦОВИД-19 во изминатите седум дена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука