Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 34. степени

Охрид, 30. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 34. степени.

– Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. Во сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука