Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Советниците ќе одлучуваат Студенчишкото блато да биде прогласено за заштитено подрачје во категорија „Парк на природата”

Охрид, 30. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Советниците на денешната седница ќе треба да го изгласаат прелогот Студенчишко блато да биде прогласено за заштитено подрачје во категорија – “Парк на природата”. Предходно на дневен ред е разгледување и усвојување на информацијата за изготвената студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје.

Покрај тоа пред градските избраници се и измените на неколку програми со цел измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за оваа година.

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука