Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Од полноќ ќе проработат рампите за влез и излез во стариот дел на градот

Охрид, 30. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од полноќ ќе бидат ставени во функција поставените рампи за влез и излез во стариот дел на градот, информираат од општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“. 

Возилата во овој дел на градот ќе може непречено да сообраќаат само доколку ги имаат регулирано своите обврски согласно актите донесени од страна на општина Охрид, односно поседуваат картичка за движење во овој дел од градот. Оваа мерка е дел од утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила.

Функционирањето на рампите ќе биде регулирано електронски од поставената куќарка за наплата на паркинг на улица „Македонски Просветители“ и ќе биде следено преку 24 часовен видео надзор.

Жителите кои не поседуваат картички за движење со возила во стариот дел на градот, треба да се обратат во Секторот за комунален развој, сообраќај и улици во општина Охрид.

Рампите низ Охрид во повеќе наврати беа уништувани, а еднаш „настрадаа“ и од сообраќајна незгода. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука