Избор Македонија

Новиот поглавар на ИВЗ позитивен на COVID-19

Скопје, 30. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Новиот поглавар на Исламската верска заедница, Шаќир ефенди Фетаи на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на COVID-19.

– Грижејќи се за моето семејство, моите соработници, како и сите верници и граѓани, решив да направам тест за COVID-19. За жал, тој излезе позитивен. Во моментов, сѐ е нормално и нема никакви проблеми, ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација. Таква е одлуката на Алах. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните органи, напиша вршителот на должност поглавар на ИВЗ. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука