Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Георгиески: Уривањето на дивоградбите продолжува на 15-ти август, ќе се уриваат најатрактивните плажи

Охрид, 30. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Уривањето на дивоградбите е привремено стопирано, но продолжува на 15-ти август, кога ќе се уриваат најатрактивните плажи, изјави денес првиот човек на Охрид, градоначалникот д-р Константин Георгиески.

– Акцијата ќе продолжи. Имавме еден период на консолидација, да видиме како сме со финансии и колку пари потрошивме. Од 15-ти август продолжуваме со рушење на се’ што е бесправно изградено, потенцираше Георгиески.

Во меѓувреме во охридската јавност се се’ погласни реакциите дека уривањето стопирано и дека голем дел од моќниците и овој пат ја однеле победата над органите на власта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука