Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридски фирми на листата на компании кои зеле државна помош, а не им исплатиле пари на вработените

Скопје, 30. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридски фирми се наоѓаат на листата на компании кои зеле државна помош, но на вработените не им исплатиле плати, објави денес Владата на Република Македонија.

Дел од фирмите под притисок на јавноста вчера почнале да ги исплаќаат платите за работниците. Синдикалните организации побараа кривична одговорност и најстроги санкции за фирмите кои ја злоупотребиле помошта од државата.

Неделава од Управата за јавни приходи обелоденија дека сопствениците на 708 компании во Охрид, Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово зеле пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците. Околу 3.750 компании, пак, им исплатиле на вработените помалку од минималецот.

Најголем дел од компаниите се од дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт.

Комплетната листа ОВДЕ. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука