Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 34. степени

Охрид, 31. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен превец.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 34. степени.

– Утре ќе има зголемена облачност и развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5 до 6 степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука