Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Течат подготовките на „гладијаторите“ за новата натпреварувачка сезона

Охрид, 31. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се подготовките на охридските ракометари за новата сезона во Супер лигата.

Тренинзите ќе бидат само во Охрид, а ќе се реализираат согласно сите протоколи и препораки дадени од Ракометната федерација на Македонија и Комисијата за заразни болести.


Клубот во летниот период ги обнови договорите со речиси сите играчи од минатата сезона. Клубот го напуштија Кристијан Анастасовски и Лексо Цицелишвили, а како засилување дојде србинот Игор Чагаљ.

Како контрола на формата ќе биде учеството на 48-от Меѓународен турнир во Струга. Охридскиот ракометен клуб ја прифати поканата од организатоарите и ќе биде дел од годинашното издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Турнирот се игра од 12-ти до 16-ти август, на отворено, на теренот „Горан Попоски-Бабец“, без публика.

ГРК Охрид во новата сезона од Супер лигата е во групата А, со Струга, Пролет, Радовиш, Голден Арт КЛ7, Јуниор Кисела вода и Астраион. Во првото коло игра со Голден арт КЛ-7. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ГРК Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука