Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Промоција на книга за Балканските Египќани од д-р Рубин Земон

Охрид, 31. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер ќе биде промовирана книгата-студија „Балканскиот етнички феникс (Историско-етнографски аспекти за заедницата на Балканските Египќани)“ од д-р Рубин Земон.

Промоцијата ќе се одржи на просторот на Лапидариумот при Музеј и завод од Охрид (Куќа на Робевци). За книгата ќе говорат проф. д-р Ѓорѓи Тоновски и проф. д-р Зоранчо Малинов, кои се и рецензенти.

Д-р Рубин Земон е етнолог, односно социо-културален антрополог. Бил научен соработник во Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро – Балкан“ во Скопје, универзитетски професор при Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во 2016 година е назначен за директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот „Евро – Балкан“ во Скопје. Позната е неговата активност и во граѓанскиот сектор во земјата и странство како претседател на Сојузот на балканските Египќани, член на претседателството на Македонското етнолошко друштво, член на претседателството на Мрежата за мултикултурно општество и слично. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука