Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Зголемен бројот на повици и интервенции во охридската Брза помош

Охрид, 31. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Топлото време и големиот број гости во градот, и годинава го зголемија бројот на повици во Службата за Итна медицинска помош во Охрид.

Докторите за Супер радио и OhridPress велат дека со зголемување на бројот на луѓе во градот и порастот на температурата на воздухот, има пораст и во бројот на интервенции, но и прегледи во амбулантата.

Најчесто пациентите се жалат на гастроинтестинални и кардиоваскуларни тегоби, варирање на крвниот притисок, а имаат и интервенции кај повредени во сообраќајни незгоди.

Од Брзата помош велат дека очекуваат фрекфенцијата да се зголеми, во пресрет на продолжениот Илинденски викенд.

Со оглед на актуелната состојба со коронавирусот COVID-19, при различните интервенции лекарите и медицинските сестри носат соодветна опрема и постапуваат согласно протоколите дадени од Министерството за здравство на Република Македонија.

Од Брзата помош велат дека вложуваат максимални напори да излезат во пресрет и навремено да интервенираат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука