ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Сум платил, ќе правам што сакам: С Р А М О Т А (Фото)

Охрид, 1. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Корона кризата направи годинава во Охрид да се измешаат две Македонии, кои живееја една покрај друга, но не се допираа.

Затворените граници направија во Охрид да „мора“ да летуваат оние кои вообичаено во овој период од годината се на некои егзотични дестинации, но и оние за кои Охрид бил дамнешна желба. Потпомогнати од субвенциите, тие го наполнија градот, но овој вид на туризам со себе си носи и „данок“, кој сега го плаќаат охриѓани. Претежно помладите гости прават забави со гласна музика до раните утрински часови, а често се однесуваат и дрско и недолично.

Големиот број луѓе, во комбинација со ниското ниво на култура и традиционалното „сум платил, ќе правам што сакам“ доведоа до грди слики во градот, купишта расфрлано ѓубре на сите страни, со кое се борат вработените во комуналното претпријатие.

Сликите кои се објавени утрово на социјалните мрежи, токму од првиот човек на ЈП „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски се пораз за сите и се најјасниот показател дека на Охрид му треба нова и свежа стратегија, затоа што, ако вака продолжат работите, токму ова е сликата која не очекува во иднина.

Погледнете.

Image may contain: basketball court and outdoor

Image may contain: one or more people and outdoor

Image may contain: sky and outdoor

Image may contain: tree, plant, sky and outdoor

Image may contain: sky, tree and outdoor

Image may contain: outdoor

 

извор: ОхридПрес фото: Љупчо Грданоски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука