COVID-19 Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Филипче: Зголемен е бројот на посетители на туристичките места, да се почитуваат личните мерки за заштита и протоколите за работа на плажите и базените

Скопје/Охрид, 1. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со зголемениот број на посетители на туристичките места низ државата, клучно е да се почитуваат личните мерки за заштита и донесените протоколи за работа на плажите и базените од страна на СИТЕ.

Да го сочуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски, порача министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Тој уште еднаш потсети на мерките:

✅ Заштитна маска на лицето, држење физичка дистанца, често миење на рацете;
✅ Ограничување на бројот на посетители на плажа до максимум 15 посетители на 100 м²;
✅ Задолжително меѓу поставените чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, а растојание од 1,5 до 2 метра меѓу лежалките поставени под соседни чадори;
✅ Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и по користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби;
✅ Во однос на работата на базените, пред билетарите задолжително да се обележи растојание од 1,5 до 2 метра;
✅ Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички и да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети;
✅ Користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување ред од назначени лица од редарска служба;
✅ Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои два часа (по потреба и почесто);
✅ При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука