COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

138 нови случаи на COVID-19, 2 новoзаболени лица во Охрид

Охрид, 1. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Скопје 47
– Куманово 17
– Дебар 10
– Штип 16
– Прилеп 2
– Тетово 2
– Велес 5
– Битола 5
– Охрид 2
– Кавадарци 1
– Гостивар 10
– Крива Паланка 1
– Кочани 5
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 1
– Македонски Брод 6
– Виница 2
– Кратово 1
– Кичево 3
– Ресен 1

Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53 години), пациентка од Кичево (41 години), пациент од Битола (27 години), пациент од Дебар (78 години) и пациент од Штип (64 години). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од:

– Скопје 105
– Штип 9
– Прилеп 2
– Тетово 4
– Велес 1
– Битола 5
– Гостивар 1
– Кочани 4
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 2
– Берово 1
– Кичево 7
– Ресен 2

Досега во земјата се направени вкупно 103.938 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ЦОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.891, бројката на оздравени пациенти е 6.698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.700. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука