COVID-19 Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Парични казни за 52 лица од Охрид и 12 од Струга поради неносење маски

Охрид, 1. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 77  прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-52, Струга-12, Кичево-13,).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 20 контроли врз угостителски и други објекти.(Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука