Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид преполн со гости, мерките скоро и да не се почитуваат

Охрид, 1. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Туристички Охрид деновиве е преполн со домашни туристи и го живее продолжениот Илинденски викенд.

За жал, она што мора да се констатира е дека и покрај постојаните препораки од одговорните лица, скоро и да не се почитуваат мерките за заштита.

Професорот на Медицинскиот факултет Никола Пановски за Тв Телма изјави дека е подобро да се затворат плажите, бидејќи задолжителното носење маска не се почитува, но и дека мора да бидат сменети, затоа што прописите што се носат, како овој за задолжително носење маска на плажа, мора да бидат логични.

– Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени. Тоа е мачење. Во моментот сум на плажа во Охрид. Има 600-700 луѓе. Маски носат само келнерите и персоналот, вели Пановски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Баба Емин

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука