Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

АК „Охрид“ со 32 поени го освои второто место екипно на атлетскиот Куп на Македонија

Скопје, 2. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со максимално запазени здравствени протоколи, поради пандемијата на коронавирусот, Македонските атлетичари на Националната Арена „Тоше Проевски“ во Скопје го вратија професионалниот спорт во арените во најсилната – сениорска категорија.

Без присуство на публика, без присуство на тренерите директно на терен, и со максимални мерки за заштита, атлетичарите од сите градови се собраа на едно место, под специјален протокол. Сите мораа да носат маски, се мереше температура пред стартот на секој настан, а исто така, се дезинфицираа и реквизитите при секоја смена на натпреварувачи. Учесниците беа без маски само кога беа на патеката. Во спротивно, мораше да се внимава на протоколот.

Атлетичарите се натпреваруваа во 17 машки и 16 женски атлетски дисциплини. Се издвоија победите на Дрита Ислами која финишираше прва во 4 дисциплини на 100м пречки, 400м пречки, 200м и 400м, Јован Стојовски кој одлично си го одработи својот настап освојувајчи 3 први места во трките на 100м, 200м и 400 метри, Дарио Ивановски во трките на 10.000 и 5.000 метри, Адријана Поп Арсова која со својот настап на средни патеки покажа дека може да се носи со резултатите од спринтерските дисциплини, тука е и фрлачот Стефан Стефановски кој имаше одличен настап во фрлање на диск, и уште многу други квалитетни атлетичари.

Image may contain: one or more people and outdoor

Во екипен пласман Атлетските клубови бодовите во женска конкуренција првите места ги освоија АК „Делта“ со освоени 41 поени, на втората позиција се најде АК „Куманово“ со 40 поени пред трето пласираните атлетичари од АК „Охрид“ со освоени 24 поени. Во машка конкуренција првото место го освои АК „Студенти“ со освоени 35 поени, второто место за АК „Охрид“ со 32 поени, а трети беа спортистите од АК „Делта“ со освоени 27 поени.

Севкупно, прво пласирана е екипата на АК „Делта“ со освоени 68 поени, второ место за екипата на АК „Куманово“ со совоени 50 поени и третото место беше за АК „Охрид“ со вкупно освоени 43 поени.

Воедно, за прв пат на овој натпревар беше воведен и најсовремен систем за електронско мерење, како и систем за погрешен старт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука