Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Наскоро Езерска рок симфонија во Охрид

Охрид, 2. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Помеѓу бројните настани кои ова лето се одржуваат во Охрид, време е за уште еден, кој, според организаторите, ќе биде вистинско музичко задоволство за сите.

– Наскоро, во самото срце на градот, очекувајте „концерт на вода и музика за душа“. Проверена охридска екипа, потпомогната со бројни други музичари и гости, порачуваат организаторите.

Додаваат дека деновиве ќе објават повеќе детали за настанот и дека концертот ќе се одржи согласно сите важечки протоколи за одржување на јавни настани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука