Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка кај Лагадин, повреден полициски службеник на моторцикл

Охрид, 2. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 1. август 2020 година, околу 19:55 часот на регионалниот пат Св. Наум-Охрид, кај населбата Лагадин, се случи сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило марка „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 30-годишниот Г.С. од Маврово. Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука