Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Бурен викенд во Охрид: тепачки, сообраќајки, пронајдена дрога…

Охрид, 2. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Покрај сообраќајката кај населбата Лагадин во која е повреден полициски службеник, денешниот Полициски билтен донесува повеќе настани случени на територијата која ја покрива СВР Охрид.

На 02.08.2020 година, во 00:30 часот, на плажата „Сараиште“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и употребен стаклен предмет, извршен од Л.Ч.(23) врз Љ.Д.(24) и Д.Ј.(24), сите од Скопје. Нападнатите со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Охрид, а напаѓачот е приведен. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, на 01.08.2020 година во 06:30 часот, во приватен сместувачки објект лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.А.(22) од Скопје врз сопственикот на објектот А.З.(63) од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.08.2020 година во 23:50 часот во Полициска станица Охрид приведени се Б.Т.(21) од Кичево и Д.С.(23) од кичевското село Вранештица. При извршена контрола, во нивното патничко моторно возило паркирано кај Aвто кампот „Градиште“ во Охрид, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука