Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Само минатата година се регистрирани 59 нови дивоградби во Охрид

Скопје/Охрид, 2. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Дивоградбите по се’ изгледа и понатаму остануваат нерешлива енигма за локалните власти ширум државата.

Откако зедоа мал залет пред изборите, постапките како да застанаа, барем што се однесува до Охрид, каде според официјалните податоци на Заводот за статистика, само минатата година се регистрирани 59 нови дивоградби.

Уривањето на дивоградбите е привремено стопирано, но продолжува на 15-ти август, кога ќе се уриваат најатрактивните плажи, изјави неодамна првиот човек на Охрид, градоначалникот д-р Константин Георгиески.

– Акцијата ќе продолжи. Имавме еден период на консолидација, да видиме како сме со финансии и колку пари потрошивме. Од 15-ти август продолжуваме со рушење на се’ што е бесправно изградено, потенцираше Георгиески.

Во меѓувреме во охридската јавност се се’ погласни реакциите дека уривањето стопирано и дека голем дел од моќниците и овој пат ја однеле победата над органите на власта.HC orders Delhi govt to re-register 5 lakh construction workers ...

Дивоградби има скоро во сите општини во земјава, додека 98,4% од нив се на приватни имоти, а 10 проценти на државни имоти.

Од Министерството за транспорт и врски за Тв Алсат М потенцираат дека ќе продолжат да дејствуваат во согласност со позитивните правни норми.

Со цел да се запре оваа состојба што трае со децении, во наредниот период Министерството за транспорт и врски ќе ги зајакне инспекциските тела и нивните капацитети -велат од Министерство за транспорт и врски.

За да можат граѓаните да ги легализираат дивоградбите и да го решат овој проблем засекогаш, законот за легализација беше изменет во два наврати. Првично во 2017 година, а потоа и во 2018 година. Овој закон беше на сила до 30-ти јуни 2018 година. (Крај)

извор: Алсат М/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука