ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Заедничка акција на „Охридски комуналец“ и Планинската спасителната служба за чистење на карпестиот дел околу Канео

Охрид, 3. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Екипа на ЈП „Охридски комуналец“ и членови на Планинската спасителна служба (ПСС) утрово спроведоа акција за расчистување на карпестиот и тешко пристапен дел околу Канео.

– Не останавме неми сведоци на расфрланиот отпад од младата популација, која секоја ноќ ја деградираа оваа од Бога дадена убавина и ја претвораа во депонија. Се подигна отпадот од локации каде активистите на Црвен крст со голем напор и пожртвуваност пристапуваа, каде некој претходно од чиста забава, во неколку минути, го става на испит она што со векови се создавало, нешто што е препознатлив симбол во секоја фотографија која го промовира Охрид ширум светот, порачаа учесниците во акцијата.

Додаваат дека светот останува на младите, но останува и желбата младите да го сфатат значењето на напорите за зачувување на нашата околина и нашето културно наследство. (Крај)

извор: Охридски комуналец фото: Охридски комуналец

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука