COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

74 нови случаи на COVID-19, нема новозаболени, едно оздравено лице во Охрид

Охрид, 3. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Скопје 14
– Куманово 8
– Штип 13
– Струга 1
– Кавадарци 3
– Гостивар 22
– Кочани 1
– Берово 3
– Виница 4
– Свети Николе 3
– Кичево 2

Починати се 3 лица, пациент од Битола, пациент од Демир Хисар и пациент од Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од:

– Скопје 23
– Куманово 1
– Дебар 1
– Штип 11
– Тетово 17
– Велес 1
– Охрид 1
– Кавадарци 3
– Гостивар 9
– Радовиш 5
– Кочани 1
– Свети Николе 17

Досега во земјата се направени вкупно 106.047 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, бројката на оздравени пациенти е 6.972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.656. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука