Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Од тешките повреди, почина жената која синоќа беше повредена во сообраќајка на улицата „Сирма Војвода“

Охрид, 4. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти август 2020 година, во 18:30 часот, на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид се случи сообраќајна незгода во која настрада едно лице.

– Патничко возило марка „Мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 19-годишниот Д.С. од Скопје удрило во пешак, 58-годишната М.Т. од Охрид. Таа била итно префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите. На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи, инфомираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука