Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претежно облачно, посвежо и нестабилно време со услови за локален дожд и температура до 26. степени

Охрид, 5. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.

– Под влијание на циклонска активност од денес следува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено денес и утре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука