Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

WizzAir ги суспендира рутите од Скопје, Охрид, Белград, Тузла, Приштина и Подгорица

Скопје/Охрид, 7. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нискобуџетната авиокомпанија WizzAir привремено ќе ги суспендира рутите од Скопје, Охрид, Белград, Тузла, Приштина и Подгорица, поради ограничувањата за патување наметнати на државјани од овие пазари од други европски држави.

– Во претстојниот период од пет месеци ќе има многу неизвесности и индустријата ќе мора да научи како да биде флексибилна во прилагодувањето кон новите мрежни рути и прилагодувањето на капацитетот, вели извршниот директор на WizzAir, Јозеф Варади, пренесе порталот exyuaviation.com.

Тој истакнува дека неговата авиокомпанија веќе почнала со стратегија за ублажување на ефектите од пандемијата.

Во наредниот период, WizzAir планира да започне со девет нови рути од Белград, да ја воведе својата прва годинешна услуга за Хрватска и да почне со нови летови за Црна Гора. (Крај)

извор: vecer.press фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука