ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Измени во одбележувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица во Скребатно

Охрид, 7. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од Одборот за прославување на празникот Успение на Пресвета Богородица во селото Скребатно информираат дека оваа година, поради состојбата со ширењето на Корона вирусот COVID-19 ќе има измени во одбележувањето на овој голем православен празник.

– Поради актуелната состојба со Корона вирусот, на 27-ми и 28-ми август 2020 година нема да биде организирана музичка програма, а исто така, на 28-ми август нема да се дели традиционалниот ручек на црковните ливади, информираат од Одборот.

Додаваат дека на 28-ми август, со целосно почитување на мерките на Центарот за јавно здравје од Охрид и Владата на Република Македонија ќе се одржи богослужба во црквата „Св. Богородица“, како и лицитација на бајракот и водосвет.

Оваа година нема да биде дозволено поставување на шатори и кампување на црковниот имот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука