COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

200 нови случаи на COVID-19, 4 новозаболени лица во Охрид, 5 во Струга

Скопје, 8. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Скопје 65
– Куманово 14
– Дебар 6
– Штип 21
– Прилеп 3
– Тетово 12
– Струга 5
– Велес 12
– Битола 7
– Охрид 4
– Кавадарци 7
– Гостивар 14
– Струмица 1
– Крива Паланка 1
– Радовиш 4
– Кочани 5
– Пробиштип 3
– Демир Хисар 2
– Македонски Брод 4
– Свети Николе 3
– Кичево 6
– Неготино 1

Починати се 4 лица, пациент од Скопје (70 години), пациент од Гостивар (58 години), пациент од Куманово (51 години) и пациент од Македонски Брод (66 години). Два пациенти се починати во болнички услови, два се починати вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од:

– Велес 2
– Битола 6
– Демир Хисар 1
– Македонски Брод 1
– Кичево 3
– Ресен 2

Досега во земјата се направени вкупно 113.619 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.754, бројката на оздравени пациенти е 7.622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.609. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука