COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

85 нови случаи на COVID-19, нема новозаболени лица во Охрид и Струга

Скопје, 9. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Скопје 32
– Куманово 9
– Дебар 3
– Штип 9
– Прилеп 1
– Тетово 1
– Велес 2
– Битола 4
– Кавадарци 6
– Гостивар 7
– Струмица 1
– Кочани 1
– Демир Хисар 1
– Виница 1
– Кичево 7

Починати се 4 лица, два пациенти од Скопје, пациент од Дебар, и пациентка од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти од:

– Скопје 1
– Тетово 13
– Велес 2
– Битола 3
– Демир Хисар 2
– Делчево 1
– Свети Николе 13
– Кичево 7

Досега во земјата се направени вкупно 114.807 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.839, бројката на оздравени пациенти е 7.664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.648. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука