Избор Македонија

Поднесено обвинение против Зоран Заев за случајот „Пуч“

Скопје, 1. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поднесен е обвинителен акт за случајот „Пуч“, меѓу кои еден од обвинетите е лидерот на опозицијата Зоран Заев.

– Обвинението е пристигнато во судот и предадено е на судски совет кој дополнително го разгледува. Од судот не соопштуваат повеќе детали. Обвинетите имаат право на приговор на обвинението, по што доколку тој биде одбиен, ќе биде закажан судски процес, јави Телма.

Зоран Заев, Зоран Верушевски и вработени во полицијата се обвинети дека преку употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање со упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

Повеќе детали од судот најавија за следната недела. (Крај)

извор: Телма фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука