Избор Локална самоуправа

Кракот на улицата „Даме Груев“ што води кон населбата „Христо Узунов“затворен за сообраќај до 16:00 часот

Охрид, 10. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска продолжија гредежните активности за уредување на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“.

Се поставува втор слој асфалт, а градежните активности ќе траат до 16:00 часот, информираат од општина Охрид.

Поради тоа кракот на улицата „Даме Груев“ што води кон населбата „Христо Узунов“ ќе биде затворен за сообраќај, а жителите од овој дел на градот треба да ги отстранат возилата за непречено одвивање на градежните активности. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука