Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро под просекот за август, за една недела температурата на водата се намали за 4 степени

Охрид, 10. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро падна под просекот за овој месец.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,43 м.н.в, што е за два сантиметри под просечното ниво за август (693,45 м.н.в).

Облачното и врнежливо време ја намали и температурата на водата. Утринава се измерени 21 степен, два и пол степени под просекот за август, а за една недела температурата на водата „падна“ за цели 4 степени.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.

– Следува период во кој ќе преовладува сончево и потопло време претежно со попладневно зголемување на облачноста и со услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи особено во средината на неделата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука