COVID-19 Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Во Србија од 6.819 тестови изминативе 24 часа регистрирани 163 заразени лица

Белград, 10. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа во Србија се направени 6.819 тестови на Корона вирус COVID-19, при што се регистрирани 163 позитивни лица.

Според последните податоци на српското Министерство за здравство и институтот „Батут“, во моментов во земјата 107 пациенти се на респираторни машини.

Епидемиологот, д-р Предраг Кон изјави дека утре треба да се донесе конечната одлука за начинот на кој ќе се организира школската година во Србија. Според најавите, особено внимание ќе се посвети на враќањето на студентите во студенстските домови.

Колку за споредба, според последните бројки на Министерството за здравство на Република Македонија од вчера, во нашата земја се направени 1.188 тестирања, при што се регистрирани 85 нови случаи на COVID-19. (Крај)

извор: Блиц фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука