COVID-19 Здравје Избор Свет ТОП ВЕСТИ

СЗО: Се’ уште има надеж да ја победиме пандемијата

Лондон, 10. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејес изјави дека сè уште постои надеж да се победи пандемијата на коронавирус, и покрај скоро 750.000 смртни случаи и 20 милиони заболени.

Според него, не е доцна да се преземат дополнителни активности за да се надмине глобалната криза со COVID-19.

– Оваа недела, ќе стигнеме до бројка од 20 милиони регистрирани случаи на COVID-19 и околу 750 илјади смртни случаи. Има голема болка и страдање зад овие бројки. Секој изгубен живот е важен. Знам дека многумина од вас жалат и дека ова е тешко време за светот. Но, сакам да бидам јасен – има надеж и никогаш не е доцна да се смени процесот, рече Аданом Гебрејес на денешната прес-конференција.

Тој посочи на неколкуте примери на земји кои успешно се справуваат со ширењето на вирусот, вклучително и Нов Зеланд и Руанда. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука