Избор Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Со победа над скопски Бутел охридските ракометари го започнаа Ракометниот турнир во Струга

Струга, 12. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот ракометен клуб со триумф над Бутел од Скопје (25-24) ги започна натпреварите на Ракометниот турнир во Струга.

Во втората рунда Охрид силите ќе ги одмери со Вардар, а натпреварот ќе се игра утре, 13-ти август со почеток во 21:15 часот.

Ракометарите на Охрид и целокупниот стручен штаб претходно беа негативни на COVID-19 тестовите, што беше задолжително да го поднесат пред стартот на ракометниот турнир во Струга. За време на одржувањето на турнирот ќе биде забрането користење на соблекувалните, нешто што треба да се практикува и за време на тренинзите на екипите. За заштита на играчите, ќе се врши редовна дезинфекција на игралиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука