Избор Локална самоуправа

Улицата „Прва Македонска ударна бригада“ денеска и утре ќе биде затворена за сообраќај

Охрид, 13. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Улицата „Прва Македонска ударна бригада“ денеска и утре ќе биде затворена за сообраќај.

– Поради изведување на градежни активности за поставување на вториот асфалтен слој на коловозот, улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“ ќе биде затворена за сообраќај од 05:00 часот на 13-ти август (четврток) до 14-ти август (петок), до комплетно завршување на предвидените активности, информираат од општина Охрид.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги отстранат паркираните моторни возила и да користат алтернативни улици за сообраќање во овој дел на градот. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука