Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Фатен крадец кој украл 30.000 евра од куќа во Лескоец

Охрид, 13. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 26-годишниот М.Н. од охридското село Вапила.

– На 4-ти август 2020 година, со употреба на физичка сила и подесен алат, тој влегол во куќа во селото Лескоец од каде одзел 30.000 евра и 5.000 денари. Нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука