ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Апел за помош на Тачо: Охрид е хуман, да помогнеме сите заедно

Охрид, 13. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани имаат уште една можност да ја покажат својата хуманост и да му помогнат на својот сограѓанин Тачо.

– Пред 2 години Тачо се избори со тумор на мозокот, но болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба е лоша. За повторно да ја победи болеста и да прими соодветна терапија потребни се околу 20. 000 евра. Уште еднаш да покажеме дека Охрид е хуман и да му помогнеме на охридскиот спортист и голем човек, информираат од охридскиот Црвен крст.

Додаваат дека кутии за донации се поставени во локалните кафе барови во Охрид и во просториите на Црвен Крст.

Сите граѓани можат да донираат и на бројот за донации: 143 133 Т-mobile, како и на трансакционата сметка: 500600018999581 – Ристо Целески Стопанска банка АД. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука