Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Концерт за паметење: Езерска РОК симфонија на Камелеон и пријателите во Охрид (Фото/Видео)

Охрид, 16. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани, но и бројните гости вечерва беа сведоци на уште еден музички настан, за кој уште долго ќе се зборува.

На Градското пристаниште во Охрид, групата Камелеон, вистински охридски бенд – по срце и душа кој најдобро го отсликува сензибилитетот и музиката која се негува во овој град во кој „секогаш се слушала најдобрата музика“, вечерва го одржа концертот на вода со музика за душа, односно нивната Езерска РОК симфонија.

Пред публиката беа изведени 17 песни, меѓу кои и двете нови „Река“ и „Те љубам“, кои беа промовирани токму вечерва. Најголемите хитови на Камелеон, кои публиката ги пееше во еден глас, беа отсвирени со нови аранжмани, заедно со Камерниот оркестар од Битола и хорот Vox Lychnidos. Специјални гости на вечерта беа Ѓоко Танески, Жармена, Теодор Љушкоски, Горан Папаз и Никола Тони, кои придонесоа оваа вечер да биде навистина незаборавна.

Езерската РОК симфонија имаше и хуманитарна нишка, и во рамките на настанот се собираа средства за охриѓанецот Трајан Целески- Тачо.

Според сите коментари на присутните, концертот ќе биде еден од настаните кои ќе го одбележат ова лето 2020-то, лето „кое ќе се памти“ во прекрасниот Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука