Избор Култура Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

32-ро издание на Поетската ноќ во Велестово

Охрид, 18. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со стиховите на Зоран Анчевски и изложба на скулптури на Димитар Филипоски, во петок на 21-ви август, ќе започне 32-то издание на интернационaлната манифестација, „Поетска ноќ во Велестово“.

Програмата од првата поетска вечер, традиционално ќе се одржи на локацијата „Чешма“, а ќе биде збогатена со настап на „Skopje guitar trio“.

Втората поетска вечер ќе се одржи на 22-ри август на локацијата „Каменон“ со почеток во 18:00 часот. Во рамки на програмата ќе бидат претставени поетите Тоде Илиевски, Биљана Стојановска, Владимир Мартиновски, Павлина Атанасова, Ѓоко Здравески и Јулијана Величковска.

Годинешното издание на „Поетска ноќ во Велестово“ ќе биде организирано во согласност со сите мерки и протоколи за заштита од вирусот COVID-19.

И оваа година поетската манифестација е поддржана од oпштина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука