Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

За вторник закажана 46-та седница на охридскиот совет

Охрид, 19. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – За вторник 26-ти август е закажана 46-та седница на охридскиот совет.

Градските избраници меѓу другото ќе треба да дадат согласност за формирање на паралелки со помалку од 20 односно 25 ученици во основните и средните училишта, за формирање групи детската градинка „Јасна Ристеска“ со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број, како и за аплицирање на Проект за „Изработка на проектна документација за изградба на нова училишна зграда во склоп на ООУ „Григор Прличев“.

Советниците ќе треба да се произнесат по извештаите од работењето на општинските одделенија и реализацијата на програмите за работа од повеќе сфери, предлог – одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности.

На двајца советници кои станаа пратеници во новиот парламентарен состав ќе им биде констатиран престанок на мандат и на нивно место ќе дојдат нови.
Комплетниот дневен ред ТУКА. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука